ОСУМ УЛИЦИ ВО СЕЛО ЦАПАРИ ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ ДОБИЈАТ АСФАЛТ

ОСУМ УЛИЦИ ВО СЕЛО ЦАПАРИ ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ ДОБИЈАТ АСФАЛТ

 

Во селото Цапари денес започнаа подготвителните активности за асфалтирање на 8 краци во должина од 1 километар. Со ова инвестиција вредна 3 600 000 денари осум улици ќе бидат асфалтирани за прв пат.
„Нашата програма се реализира. Градежната сезона е во полн ек. Се обидуваме да интервенираме на целата површина на општина Битола. Овде луѓето долго бараа да се направи патната инфраструктура. Во моментот се наоѓаме на еден од осумте краци кои ќе се асфалтираат од буџетот на општина Битола. Активностите ќе бидат завршени оваа градежна сезона и убеден сум дека проблемот кој постоеше посебно есенскиот и зимскиот период ќе биде надминат. И овој проект е потврда за тоа дека поранешните три општини кои што се припоија кон општина Битола – Бистрица, Цапари и Кукуречани, оваа сезона се доминантни во нашата програма“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Денес се асфалтираше и првиот дел од патот Кишава – Граешница, каде што во тек е реализацијата на проектот реконструкција на патот во должина од 6,5 километри во вредност од околу 24 000 000 денари, средства обезбедени од Светска банка за реконструкција на патишта во руралните средини.