Со задоволство би кажалe дека успеавме да ја добиеме зградата на дивизијата која целосно се обнови и приспособи во нова општинска зграда, со што општинската администрација доби поголем и современ простор за работа. Ова се реализира делумно
со средства од општинскиот буџет, а делумно со финансиска поддршка на фирмите од Битола. Проектот беше во износ од 3.000.000 денари.
Реставрирана е фасадата на општинската зграда – проект вреден 30.000 долари со партнерско учество на програмата на UNDP и општината.
Со ова општината доби свој посебен и препознатлив изглед и е пример за тоа како треба да изгледа една современа општина во Р.Македонија.