Општина Битола континуирано работи на решавање на предметите за легализација, при што секој изработен предмет е потврден со донесување на Решение од градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.
Сепак, дел од изработените предмети чекаат завршница на постапката од страна на граѓаните, односно подигнување на соодветните решенија од нивна страна.
Во моментот за 352 предмети изготвени се пресметки по готови урбанистички согласности, по кои барателите сеуште не постапиле и не ги подигнале од општината. Исто така, изготвени од стручните служби и потпишани од страна на градоначалничката Наташа Петровска се решенија за 107 предмети, кои сеуште не се подигнати од страна на барателите.
Согласно ваквите податоци, Општина Битола апелира до граѓаните, подносители на овие 459 барања, кои се известени дека им е изготвена пресметка со заклучок за надомест или имаат потпишано решение за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект, истите да ги подигнат од општината за да можат да ја комплетираат и завршат започнатата постапка за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект.
Готови предмети кои чекаат со изработена пресметка по готови урбанистички согласности
Предмети со решение за правосилност кои странките треба да ги подигнат