По повод 11 Октомври- Денот на востанието на македонскиот народ Градоначалникот Владимир Талески, Советот на Општина Битола, делегации на Сојузот на борците, лидерите на битолските партии и други положија свежо цвеќе на споменикот на Револуцијата и на Стив Наумов
Исто така со пригодна свеченост Градоначалникот Талески, претседателот на Општинската организација на Сојузот на борците, Илија Малевски, како и голем број нивни соборци и почитувачи на нивното дело, во Алејата на борците на Градското шеталиште беа откриени спомен-бисти на народните херои и борци од НОВ и Револуцијата, Вангел Нечевски – Тунело и Глигор Љачески – Љачето.
![](https://www.bitola.gov.mk/wp-content/uploads/2015/05/Oktomvri11-1010-1-100x82.jpg)