ОДРЖАНА ДЕБАТА НА ТЕМА: ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ ВО БИТОЛА

ОДРЖАНА ДЕБАТА НА ТЕМА: ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ ВО БИТОЛА

Во Салата на Советот на општината Битола се одржа дебата на тема „Одржлив транспорт во Битола“ која е дел од програмските активности во рамките на одбележувањето на Европската недела на мобилност.

„Европската недела на мобилност“ од 16-22 септември и 22 септември – „Ден без автомобили“ се деновите кога традиционално во светот се затвора сообраќајот на една фреквентна сообраќајница и истата се резервира за велосипедисти, пешаци или за јавен транспорт. На тој начин се упатува силна порака дека автомобилите треба да се користат одговорно со избирање на „паметен“ начин на транспорт, што би значело да се користат предностите на современиот урбан начин на живеење, но при тоа да се води сметка за животната средина и загадувањето што го произведуваме.
       Следејќи ги современите трендови и текови на мобилност,  заштита на животната средина и природата Општина Битола оваа година се вклучи во одбележувањето  на  „Европската недела на мобилност“ со низа активности, а партнери во нивната реализација се: СВР-Битола, Фото кино клуб Битола, ЗГ „Биосфера“, граѓанска иницијатива „Битола на точак “. ФОД – Битола се јавува како поддржувач на активностите со изработка на велосипедски паркинзи кои денес се поставени пред општинската зграда и пред хотел Епинал.

На денешната дебата беа претставени три презентации од проф. д-р Кристи Бомбол од Техничкиот факултет од Битола, Слаѓан Стојановски од  Еуро роад – Скопје и Роберт Tошевски –командир за  сообраќај  СВР –Битола.

Од презентациите мошеше да се согледа големото значење и користа од употребата на велосипедот како превозно средство, како и заложбите на локалната самоуправа кои континуирано се реализираат, а се однесуваат во делот на олеснувањето на сообраќајот на најфреквентните сообраќајници, зголемувањето на бројот на велосипедски и пешачки патеки, како и зголемување на местата за паркирање на велосипедите.