ОПШТИНА БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ – ПРЕПОДОБЕН СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

ОПШТИНА БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ – ПРЕПОДОБЕН СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

По повод одбележувањето на денот на преподобниот Нектариј Битолски, светецот и заштитникот на Битола – 18 декември, општина Битола организираше Свечена академија во чест на Преподобен Свети Нектариј Битолски. Денот на заштитникот на градот, на сите граѓани на општина Битола им го честитаа Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески и Митрополитот Преспанско – пелагонски г.Петар. Чествувањето продолжи со музичко сценскиот перформанс насловен „Духовно патување низ Битола“ .
Проектот ја презентира музиката која егзистира на ова поднебје и тоа од самите почетоци кои датираат од 2 век п.н.е со тритонската музика, па се до денес, период во кој имаме современа (електронска) музика. Акцентот е ставен на христијанскиот моментум од битолската историја и е податлив за достојно чествување на светецот.
„Духовно патување низ Битола“ претставува музичко патување низ времето со посебни акценти на одредени периоди и настани кои се битни за градот Битола. Составен е од 27 нови музички микро композиции сплотени во една макро целина, кои со аудитивна нарација и видео презентација би ја раскажале приказната за богатата музичка традиција која е присутна на ова поднебје.