Градоначалникот Владимир Талески денес ги обиколи улиците коишто деновиве се асфалтираат во населбата Карпош во Битола.
Улиците во населбата Карпош, односно нивното повторно асфалтирање, се само еден од 14-те проекти кои беа планирани да се реализираат во вкупна вредност од 9.000.000 денари.
Со асфалтирањето на улиците во Карпош, пробивањето на улицата “Железничка” и реконструкцијата на улиците од проектот М-5, се заокружува еден дел од Битола со модерни сообраќајници кои ќе го олеснат движењето на возилата.