ТРАДИЦИОНАЛНА ПОСЕТА НА ПРВОРОДЕНИТЕ ВО 2015

ТРАДИЦИОНАЛНА ПОСЕТА НА ПРВОРОДЕНИТЕ ВО 2015

Првороденото бебе во 2015 година во битолската клиничка болница е женско. Во првите часови на одделението за гинекологија и акушерство се родија уште три бебиња. Во болницата Плодност во првите часови од Новата година се родија две бебиња. Традиционално и оваа година градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески ги посети првородените посакувајќи им најубави желби за здрав, долг и среќен живот и подарувајќи им пригодни подароци.