НОВА ДОГРАМА ВО ОУ ЃОРЃИ СУГАРЕВ

НОВА ДОГРАМА ВО ОУ ЃОРЃИ СУГАРЕВ

Во општинското основно училиште Ѓорѓи Сугарев денес беше одбележано завршувањето на проектот за реновирање на училиштето. Процесот на реновирање финансиски поддржан од Владата на САД преку Европската команда на САД создаде подобра средина за учење на учениците и наставниците од Битола кој беше овозможен преку учество на училиштето во проектот на УСАИД.
Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стеин изјави: „Преку различни активности, проектот гради пријателство и ги премостува етничките поделби. Овие пријателства не само што ги збогатуваат животите на оние кои ги формираат, туку тие се основа за поголема соработка, како и интегрирана и мирна иднина за Македонија“.
Воздухопловното Аташе на американската амбасада во Македонија, потполковник Борис Гершман додаде:„Од нас се бара посветеност и континуиран напор за да се поттикне и прифати вредноста на мултикултурно општество во процесот на создавање почит и заемно разбирање“.
Ученичката заедница во ОУ Ѓорѓи Сугарев е од различни мешани етнички групи: македонци, албанци, роми и турци. Општина Битола, во изминатиот период во соработка со УСАИД интервенираше во подобрување на училишната инфраструктура во повеќе училишни објекти, а како резултат на таквата соработка беа отворени кариерни центри, а наставата континуирано се збогатува со нови нагледни средства:
„Денешниот настан е исклучителен. Сакам да им се заблагодарам на УСАИД, претставниците на Американската амбасада, Македонскиот центар за граѓанско образование и сите нивни соработници, но и на нашите соработници за успешно завршениот проект. Ова училиште беше во многу лоша состојба, а со направените проекти баравме финансиска помош. Дел од овој проект е реализиран со средства од Владата на Република Македонија, односно Министерството за образование во износ од 2 000 000 денари, а УСАИД во овој проект преку Македонскиот центар за граѓанско образование влегува со 1 200 000 денари и 500 000 денари од општината. Вкупната вредност на целиот проект изнесува околу  4 500 000 денари. Верувам дека соработката со УСАИД ќе продолжи и понатаму“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р
Во изминатиот период проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието им помогна на 11 заедници во нивните напори да се подобрат условите во училишните објекти, вклучувајќи ги и правејќи ги достапни и за ученици со посебни потреби, заложувајќи се да помогне на уште 13 во текот на оваа година.