НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА И ЗА ПРВ ПАТ АСФАЛТ НА УЛИЦА БЛАГОЈЧЕ СИЛЈАНОВСКИ (МАКСИМ ГОРКИ)

НОВА ВОДОВОДНА МРЕЖА И ЗА ПРВ ПАТ АСФАЛТ НА УЛИЦА БЛАГОЈЧЕ СИЛЈАНОВСКИ (МАКСИМ ГОРКИ)

 

Жителите од некогашната улица Максим Горки во Битола ќе добијата квалитетно водоснабдување, а старата коцка ќе биде заменета со нов асфалт. Градежните активности се во напредна фаза.
„Се наоѓаме на некогашната улица Максим Горки со коцка или според новото име Благојче Силјановски на која што правиме водоводна мрежа во должина од 300 метри. Оваа улица чекаше долго, а мештаните честопати се обраќаа до нас. Промената на водоводната мрежа е во висина од 2 000 000 денари, а веднаш потоа ќе следува асфалтирање во вредност од 3 500 000 денари. Вкупната инвестиција е околу 5 500 000 денари. Сите активности на оваа улица ќе бидат завршени најмногу за две недели, изјави Градоначалникот на општина Битола, М-р Владимир Талески.
Градоначалникот Талески го најави и проектот за реконструкција на патот Трново – Магарево во должина над 2 километри со средства обезбедени преку програмата за рурален развој, како и уредување на просторот пред Црквата Успение на Пресвета Богородица во с. Трново.