БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА СВОЈОТ ЗАШТИТНИК СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

БИТОЛА ГО ОДБЕЛЕЖУВА ДЕНОТ НА СВОЈОТ ЗАШТИТНИК СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ

Општина Битола во соработка со Преспанско-пелагониската епархија започна со одбележување на денот на преподобен Св.Нектариј Битолски – светец заштитник на градот.
Програмата започна со изложба на регионалната занаетчиска комора и културно уметничка програма, настап на мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“, извадоци од житието на Свети Нектариј и пофални песни за Свети Нектариј кои ги прочитаа актерите од битолскиот народен театар Соња Михајлова и Митко Апостоловски, а продолжи со промоција на Документарниот филм „Отец Нектариј Битолски“ реализиран од продуцентската куќа „Видео Мозаик“ по сценарио на Отец Никола Грамбозов, а во режија на Петар Атанасовски
Одлуката за прогласување на Св.Нектариј Битолски за заштитник на градот е донесена од страна на Советот на општина Битола на 25.01.2008 година и од тогаш, секоја година традиционално со низа програмски активности се одбележува 18. декември денот на светецот заштитник.