4 НОЕМВРИ – НАСТАНИ

4 НОЕМВРИ – НАСТАНИ

Отворена изложба на книги „ Битола некогаш и денес“ во организација на НУУБ „Св. Климент Охридски“ Битола. Околу 200 наслови на разни монографии, публикации, романи, научна литература и документи посветени на Битола беа поставени во фоајето на Битолската библиотека.

Концерт на пензионерската пејачка група „Сирма Војвода“ Битола и КУД „Пензионер“ Прилеп

Традиционална трибина „Битола низ вековите“ ( XIX век-градби) во организација  на  Педагошки факултет –Битола

Традиционална ноќна атлетска трка , 59 -та по ред во која настапија учениците од основните и средни училишта во градот.  Во категоријата сениори учествуваше и францускиот амбасадор НЕ Бернар Валеро.
Трката е во организација на Сојузот на спортови-Битола и Сојузот на училишен спорт-Битола.

По повод 40 години од збратимувањето со Епинал , Р Франција се организира изложба на фотографии од градот Епинал. Изложбата ја отвори градоначалникот Талески и Градоначалникот на Епинал Ајнриш.