ДОДЕЛЕНИ 4 –ТО НОЕМВРИСКИТЕ НАГРАДИ

ДОДЕЛЕНИ 4 –ТО НОЕМВРИСКИТЕ НАГРАДИ

Во преполнетата сала на Народниот театар се одржа свечаното доделување на 4 –то ноемвриската награда  за едногодишни достигнувања : м-р Елена Гроздановска- човекови права и трговија со луѓе, Блаже Докуле – карикатура, Гиниколошка болница „Плодност“- здравство, „Интерфест“ –фестивал на класична музика – култура .
Наградата за животно дело  ја доби отец Партениј од манастирот „Свети Јован Бигорски“.
Потоа следеше уметничка програма насловена „Битола е градот“ со познати битолски уметници меѓу кои и Каролина Гоцева, хорот „Ѕвончиња“, КУД „Илинден“, КУД „Стив Наумов“.