Овогодинешната награда „4-ти Ноември“ за 2009 год. им се додели на Ѓорги Танковски – Лилин и Никола Миновски, афирмирани научни работници од областа на историската наука. Наградата е заради изработката на монографијата „Битола и Битолско во балканските и во Првата светска војна(1912-1918)“
Наградата за животно дело му се додели на д-р Јане Димулковски пораги неговиот огромен придонес во областа на медицината во Битола и македонското здравје.
Во уметничкиот дел на програмата „Приказна за мојот град“ настапија детскиот хор „Ѕвончиња“, Музичкото училиште и реномирани битолски естрадни уметници во организација на општината и Лајанс клубот-Битола.