МЕШОВИТА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦА МУКОС

МЕШОВИТА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛИЦА МУКОС

 

Продолжуваат градежните активности во општина Битола. Населбата Баир која со децении се соочуваше со големи проблеми поради стара водоводна, канализациона мрежа и неасфалтирани улици, континуирано добива нова подземна инфраструктура и реконструирани улици. Денес започнаа активностите за промена на канализационата мрежа на улицата Мукос:
„Канализација немавме 50 години, сами ја правевме, еве со времето се се прави, се покрена постапка од градоначалникот да се направат и останатите улици. Ние тежиме да се направат сите улици, но мислам дека во блиска иднина се ќе биде реализирано токму така, изјави Ристо Иванов, жител на улица Мукос.
Градоначалникот помеѓу своите сограѓани на терен информираше за текот на активностите:
„На улицата Мукос имаме смена на мешовита канализација, во оваа населба работевме на улица Дебарска, како и на улица Струшка каде што потполно се завршени 8 краци. На улица Мукос правиме мешовита канализација во вредност од 1 000 000 денари. Овде долго време луѓето имаа проблем со канализацијата. Откако ќе биде завршен овој дел истиот и ќе биде асфалтиран. Градежната сезона максимално ја користиме. Веќе се подготвуваме за асфалтирање на улица Кирил и Методиј, интервенираме во централното градско јадро и во неколку важни места кои ни се во програмата, изјави Градоначалникот на општина Битола М-р Владимир Талески.
За десетина дена, градежните работи продолжуваат на населбата Буковски ливади, како и на улицата Димче Лахчански. Со оваа динамика предвидената програма ќе биде завршена пред очекуваниот период.