ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН МОТО КРОС „ТОНИ ГУЛЕВСКИ – БАБУШ“ БРАТИНДОЛ 2014

ПРВ МЕМОРИЈАЛЕН МОТО КРОС „ТОНИ ГУЛЕВСКИ – БАБУШ“ БРАТИНДОЛ 2014

Битолските мото кросисти Христијан Илиевски – Кико од Пелистер – Битола и Борче Костов – Жолтио од ЛТД од Битола се победници во своите категории во МХ1 и во МХ3, а исто така и битолчанецот Михаил Бајовски од ЛТД Битола е првопласиран во категорија МХ3.

            Второ пласиран во категорија МХ1 е Гоце Томовски, а на трето место е Симеон Николов.

            Во категорија МХ2 второ место освои Христојан Станковиќ, а на трето место се пласира Панајотос Свидерополис.

            Во МХ3 класата второпласиран беше Јован Стојков, а на трето место Васил Киров.

            Екипно победи мото клубот ЛТД од Битола, а следуваат Мотостарс од Битола и Мотокрос од Велес.

            Оваа беше прва мемороијална трка „Братиндол 2014“ посветена на прерано починатиот основач на ЛТД клубот и поддржувач на сите битолски мороџии Тони Гулевски-Бабуш.

            На патеката кај Братиндол традиционално имаше повеќе илјади љубители на овој спорт од Битола и околните градови.