ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ „СЕКОЈ ДЕН Е СРЕЌЕН ДЕН“ ВО ЗОО-БИТОЛА

ПРОМОВИРАН ПРОЕКТОТ „СЕКОЈ ДЕН Е СРЕЌЕН ДЕН“ ВО ЗОО-БИТОЛА

На денот на планетата Земја во Зоолошката градина во Битола се одржа промотивниот настан „Секој ден е среќен ден” на кој се одбележа се она што се изработи во текот на изминатата година од страна на Центарот за развој на пелагонискиот регион. На настанот присуствуваше Претседателот на РМ Ѓорге Иванов,  кој е покровител на манифестацијата и Градоначалникот Талески кои се покровители на манифестацијата.
Општина Битола е иницијатор на овој проект кој е во насока на реконструкција на ЗОО според европски стандарди и еден од приоритетните регионални  проекти кој го достави до ЦРПР за 2011 год.
Беше промовирана химната на ЗОО „Место за нас“  во изведба на Ламбе Алабаковски и детскиот хор „Ѕвончиња“
Во иднина останива сите заедно да се заложиме да најдеме средстав се она што се стави на хартија во првата фаза да стане реалност и животните да добијат нови современи живеалишта.