СВЕЧАНО ЗАТВОРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „ПОВРЗУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ И КУЛТУРАТА НА ФЛОРИНА И БИТОЛА“

СВЕЧАНО ЗАТВОРАЊЕ НА ПРОЕКТОТ „ПОВРЗУВАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА ТУРИЗМОТ И КУЛТУРАТА НА ФЛОРИНА И БИТОЛА“

Општина Битола во рамките на CARDS проектите програма за соседство веќе 18 месеци успешно го реализираше проектот „Поврзување и промоција на културата и туризмот на Флорина и Битола“ финансиран од Европската агенција за реконструкција.  Проектот е во завршна фаза а  конференцијата  беше искористена  да видиме што сме направиле со проектот и што ќе правиме во иднина.
Присутните ги поздрави Градоначалникот Талески, претседателот на Економскта комора за туризам Емил Димитровски, директорот на Агенцијата за промоција и развој на туризмот Зоран Стрезовски.