СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА 35 ИЗДАНИЕ НА ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА 35 ИЗДАНИЕ НА ИФФК „БРАЌА МАНАКИ“

Украинскиот кинематографер Валентин Васјанович е годинешен добитник на највиското фестивалско признание на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола, наградата златна „Камера 300“.
Васјанович е награден за неговиот дебитантски филм како снимател и монтажер „Племето“. Во своето образложение, меѓународното стручно жири предводено од израелецот Ѓиора Бејач, соопшти дека филмот е совршен пример за поврзување на сценарио, режија, глума и монтажа и еден навистина нов пристап кон филмската камера. Тоа беше доволно за едногласна одлука на жирито за доделување на наградата златна „Камера 300“ на кинематограферот Васјанович.

Сребрената „Камера 300“ ја доби Ричард Ленчевски, кинематографер од Полска, кој по трет пат освојува фестивалско одличје.

Ленчевски во 2001 година доби златна „Камера 300“, во 2005 година беше награден со бронзена „Камера 300“, а годинава сребрена „Камера 300“ за филмот „Ида“.

Бронзената „Камера 300“ годинава отпатува за Велика Британија кај кинематограферот Ентони Тат Редклиф, кој во своето видео обраќање посочи дека морал да јанапушти Битола заради свадбата на неговата сестра.

Наградата сребрена „Камера 300“ , Ретклиф ја доби за филмот „‘71“ кој е мотивиран од конфликтот во Северна Ирска и граѓанска војна во 1971 година.

Според востановената традиција, меѓународното стручно жири додели и Мала Златна „Камера 300“ која годинава му припадна на кинематограферот Константин М. Есадѕе од Грузија за краткометражниот филм „Динола“.

Свеченото затворање на 35. издание на ИФФК „Браќа Манки“ помина во знакот на македонскиот режисер Милчо Манчевски кој од страна на Друштвото на професионалните филмски работници на Република Македонија ја доби наградата „Златна ѕвезда на македонскиот филм“, но и во знакот на македонската премиера на филмот „Деца на Сонцето“ на режисерот Антонио Митриќески.