На 14.02.2003 во Хотел Епинал, одржан е традиционалниот избор за спортист на годината.
Боди билдерот Котевски Пеце е прогласен за спортист на Битола за 2008 Година.
За најдобра екипа е прогласена екипата на ФК „Пелистер“. На второ место е екипата на КК „Пелистер“ – Жени, а на третото место е стрелачкиот клуб „РЕК-Битола“.
Посебни признанија за континуирана поддршка на програмските активности на сојузот им беа доделени на Господинот Владимир Талески – Градоначалникот на Општина Битола, На господинот Сиљан Мицевски – претседател на сојузот на спортови Битола и на Господинот Драган Ѓурчевски – директор на Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија.
Исто така признанија им беа доделени и на Господинот Димче Миновски, доајен на македонското спортско новинарство, за големите заслуги за развојот на спортот и неговата афирмација посебно преку медиумското претставување.
По предлог на сојузот за спорт и рекреација на инвалидизирани лица, посебно признание доби битолчанката Оливера Наковска за учество на параолимписките игри во Пекинг.
Спортскиот клуб при ОУ Коле Канински „КОКА“ е добитник на посебно признание за постигнатите резултати во 2008 година.
Поради резултатите што ги постигнаа битолските младинци, а сите државни прваци во своите категории, УО на сојузот се одлучи да нема класична ранг-листа, туку десетмината да имаат ист статус.
Во израмнета конкуренција сосема заслужено на бината се најдоа:
- Александар Соколов, кугларски клуб Пелистер
- Иванчо Крстевски, Друштво за гиманстички спортови Партизан
- Валентино Апостоловски и Ана Стојчева, танчерски клуб „Степ“
- Дарко Ристевски, џудо клуб Пелистер
- Тамара Трајковска, стрелачки клуб Јане Сандански
- Билјана Нечовска, стрелачки клуб РЕК-Битола
- Филип Стојановски, стрелачки клуб РЕК-Битола
- Владимир Жоглев, карате клуб Студент
- Ема Трајковска, карате клуб Студент
- Симона Стојановска, кошаркарски клуб Малдост