Во присуство на Премиерот Никола Груевски, Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, Градоначалникот Владимир Талески и директорт на ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор Владимир Бахчовановски беше поставен камен темелник на една од двете социјални згради наменети за деца без родители, за лица приматели на социјална помош и други загрозени категории на граѓани. Зградите се лоцирани во брусничка населба на површина од 3.600 м2 и ќе бидат издвоени околу 2 милиони евра. Ова е дел од социјалната програма во предизборното ветување, кое Владата на РМ продолжува да го исполнува.