Градоначалниот Талески го најви вториот по ред саем на локални производи и услуги „Ден на потпелистерски производи“во организација на Општина Битола и групата за рурален развој. На саемот кој ќе се одржи на 28 август во дворот на црквата „ Св Богородица“ во село Трново учество ќе земат локални фармери, производители и угостители од потпелистерските села : Ниже Поле, Трново, Магарево, Дихово, Братиндол, Маловиште, Цапари и Ротино.
Акцент е ставен на традиционалната домашна храна и промоција на сместувачките капацитети во насока на развој на руралниот туризам.