Денот на дипломатските работници од Руската федерација, 10 ти февруари, веќе десет години, традиционално се одбележува и во Битола, градот со значајна историска улога во зацврстувањето на руско – македонските односи. Пред 150 година во Битола беше создаден рускиот конзулат – првото руско дипломатско претставништво на Балканот. По тој повод денес рускиот амбасадор Олег Шчербак се сретна со Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески, а посебна почит беше одадена пред Рускиот крст во Битола. На средбата која се одржа во кабинетот на Градоначалникот се разговараше за зајакнување на економската соработка, а Градоначалникот Талески ги презентираше поволностите кои ги нуди Општина Битола за потенцијалните инвеститори.