Градоначалникот Талески на средба со новинарите ги информираше за инфраструктурните активности на општината на улицата „Иво Лола Рибар”. Оваа улица доби нов асфалат во должина од околу 1,3 км. , се променија дел од ивичњаците и направија нови сливници. Со ова Битола доби современа сообраќајница која ќе ја поврзува со Р Грција.