Во рамките на проектот за размена на млади помеѓу двата збратимени града Битола и Епинал деновиве во нашиот град престојуваат 3 студенти од Епинал кои учествуваа во меѓународниот летен камп во Хераклеа . Тие исто така ја посетија зградата на Општина Битола и беа примени од страна на Градоначалникот Талески
Минатата година 5 студенти од Битола, на отсекот за македонско -француски јазик и од Факултетот за јавна администрација престојуваа на летна акција-меѓународен камп за реставрација, во близина на градот Епинал..
Целта на ваквите проекти на збратимените градови е преку размена да се овозможи поголем број млади да се зближат и запознаат меѓусебно и да ги запознаат културите на двата града, двата народа.