Неодамна се одржа Македонското младинско првенство во ракомет, каде подмладокот на Пелистер ја понесе титулата шампион
„ Имаме одлична генерација, децата се талентирани работата тренираат напорно и да се биде пред Вардар и пред Металург е навистина голема работа.“- вели Игор Николовски тренер
Капитенот истакна дека и понатаму ќе се борат за повиоки титули.
„ Навистина постигнавме одлични резултати и се надевам дека сите наложби во иднина че бидат на Битола да и ја донесме шампионската титула.“- вели Стефан Дрогришки капитен
Градоначалникот Талески на денешната средба истакна дека и натаму согласно законот ќе го помагаат клубот и финансиски, но и на други начини.
„ Другите клубови имаат деца од дугите градови оваа екипа е чиста битолска овие деца и во идинина ќе се трудиме да ги задржиме во Битола, и ќе ги бранат боите на градот..“- вели м-р Владимир Талески градоначалник на Битола.
Благодарност за успехот кој го постигнаа младинците, градоначалникот им искажа со плакета за особен придонес во развојот на ракометот во земјава и пошироко, на клубот, тренерите и на сите членови на екипата.