СРЕЌНА НОВА УЧЕБНА ГОДИНА НА СИТЕ УЧЕНИЦИ!

СРЕЌНА НОВА УЧЕБНА ГОДИНА НА СИТЕ УЧЕНИЦИ!

Со топол поздрав, насмевка и убави желби, денес започна првиот училишен ден во сите училишта во општина Битола. Наставниците и директорите, во комплетно подготвени училници денес ги дочекаа и учениците кои за прв пат поаѓаат во училиште – првооделенците. Од основното училиште Свети Климент Охридски, среќна и успешна година на сите ученици им посака, Снежана Петревска, раководител на сектор за јавни дејности во Општина Битола.
Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески, честитајќи им ја новата учебна година на учениците, наставниците и родителите им порача:
„Ви посакувам добро здравје, успешна учебна година и најважното: Максимално да вложувате во знаењето. Тоа е највредниот и највистинскиот капитал на секој човек, затоа што само така, збогатени со големо знаење, навистина можеме да ги совладаме сите пречки во животот“.