НАЈСРЕЌНИОТ НА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ НАГРАДЕН ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

НАЈСРЕЌНИОТ НА ПРАЗНИКОТ БОГОЈАВЛЕНИЕ – ВОДИЦИ НАГРАДЕН ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТАЛЕСКИ

 
Дваесетгодишниот битолчанец, Никола Севчев кој оваа година беше највешт во барањето и вадењето на светиот крст од водите на базенот на Храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, денеска беше награден од Градоначалникот на Општина Битола, м-р Владимир Талески.
Градоначалникот Талески, традиционално и оваа година во својот кабинет организираше прием на младите ентузијасти кои годинава се натпреваруваа кој од нив ќе биде најсреќниот, кој ќе го „фати“ крстот. 
10 000 денари е подарокот од градоначалникот за групата млади луѓе, предводена од најсреќниот за годинава Николче Севчев .  Групата млади ентузијасти со голем христијански дух најави дека добиените средства и оваа година ќе бидат искористени за хуманитарни цели.