Општина Битола заедно со Здружението форум за рурална иницијатива ФОРИН ПЛУС, под покровителство на Грдаоначалникот Талески и оваа година традиционално по 3-ти пат организираа настан „ДЕНОВИ НА ПОТПЕЛИСТЕРСКИ ПРОИЗВОДИ“ во Црковниот двор на Св. Богородица село Трново.
На настанот и оваа година изложија свои производи стопански субјекти и индивидуалци од потпелистерските села Трново-Магарево, Ниже Поле, Дихово, Маловиште Цапари, Ротино, Братиндол и останатите потпелистерски села. Покрај промоција на локални традиционални производи и услуги оваа година се промовираа и традиционални стари занаети.
Целта на настанот е подобрување на животните услови на руралното население во потпелистерскиот регион преку промоција и продажба на локални земјоделски и домашни производи, во насока на развој на алтернативниот туризам и одржливо користење на природните ресурси.
Саемот овозможува поголемо користење на традиционалните производи во секојдневието, иницирање на брендови на традиционални производи, зацврстување на врската на руралното население и лиокалните бизниси што ќе овозможи отварање на нови работни места и економски развој на регионот.