Посета на гробот на ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ КРАЛ ПЕРСЕЈ

Посета на гробот на ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНСКИ КРАЛ ПЕРСЕЈ

 

Македонска делегација за првпат го посети гробот на последниот македонски крал Персеј, кој се наоѓа во Италија , на 5 км. од античкиот локалитет Алба Фученс. Општинската делегација составена од советниците проф.др.Стојна Ристевска и Гоце Николовски, Кирил Добрушевски од здружението за италијанско-македонско пријателство беше предводена од Претседателот на Советот, г-ѓа Лилјана Кузмановска.
Во рамките на оваа посета беше остварена и работна средба со Градоначалникот на Аквила – главен град на тој регион, г-динот Биаџо Темпеста, на која што беа воспоставени првични контакти за понатамошна соработка во повеќе различни области. Општинската делегација свечено  му го врачи битолското знаме во знак на искрената намера за зближување на Аквила и Битола.

Исто така беше посетен и Универзитетот во Аквила при што беа остварени разговори со декани на различни факултети во насока на воспоставување на соработка со битолскиот Универзитет а особено за поттикнување на мобилноста на наставниците и на студентите меѓу овие две високообразовни институции.