AMБAСАДОРКАТА НА АВСТРАЛИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

AMБAСАДОРКАТА НА АВСТРАЛИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЕТА НА БИТОЛА

Амбасадорката на Австралија со седиште во Белград, Н.Е г-ѓа Џулија Фини, почесниот конзул на Австралија во Република Македонија, Зоран Костовски, пратеникот од Австралија – по потекло битолчанец – Васко Наумовски и инвеститорот од Австралија, исто така битолчанец Ѓорѓи Михајлов, денес остварија средба со градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески. На средбата се разговараше за можностите кои ги нуди општина Битола за инвеститорите од Австралија и понатамошно зголемување на соработката на економски план:
„Битола има силна врска со Австралија. Има голем број битолчани кои живеат во Австралија. Заинтересирани сме за соработка со општината и сигурна сум дека ќе имаме и следна посета. Мислам дека градоначалникот ја има направено вистинската работа во оваа област. Има веќе неколку луѓе од Австралија кои инвестирале, но и такви кои ќе продолжат да инвестираат. Веќе работиме на неколку нови идеи. Мислам дека преку амбасадата во Белград ќе успееме да ги промовираме можностите кои се даваат во Битола и она што се прави на економски план“, изјави амбасадорката фини.
Градоначалникот на општина Битола, нагласи дека општината и пред новите инвеститори ќе ги презентира поволностите кои ги дава Владата на Република Македонија во сите општини низ Македонија, а исто така, ќе бидат претставени и поволностите кои ги дава општината Битола со цел привлекување на нови инвестиции. Секако, дека исклучителен пример во овој дел е Индустриската зона „Жабени“, каде што германскиот инвеститор „Кромберг и Шуберт“ вработи 1600 граѓани.
„Токму затоа, амбасадорката не погреши што избра да ја посети токму Битола. Продолжуваме заеднички да ги презентираме сите поволнисти и очекуваме нови инвестиции од Австралија во Битола“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески, нагласувајќи дека за него останува најголем приоритет подобрување на економската слика и вработувањето на сите граѓани.
Инвеститорот од Австралија, Михајлов веќе бележи значителни позитивни искуства, кој што за него претставуваат дополнителен поттик за нови инвестиции во родната Битола.
„Мојата инвестиција е во старата касарна. Се надевам дека ќе направам уште неколку објекти како мојата зграда. Имам уште две згради кои што ги градам, а третата инвестиција ќе биде малку тајна. Ќе ја дознаеме наскоро. Досегашното искуство за инвестиции тука е доста добро. Веќе одредени инвеститори беа на одрдени локации и на градоначалникот му ги образложив новите планови и очекувам исто така наши исленици од Битола во Сиднеј да започнат со изградба на хотел. Сакам да изразам и голема благодарност на нашата амбасадорка што ја прифати мојата покана и дојде во Битола.“,изјави Ѓорѓи Михајлов, инвеститор од Австралија.
Покрај инвестицијата на Михајлов во поранешната касарна, тројца инвеститори веќе купија парцели во Инустриската зона „Жабени“ и наскоро се очекува да започнат со изградба на фабрики.