ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

ГОЛЕМО ОТВОРАЊЕ НА ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА

Во присуство на првиот човек на Република Македонија, претседателот на државата Ѓорге Иванов, заменикот министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов , преставникот на Европската унија, Робин Лидл, градоначалниците од Пелагонискиот регион, како и градоначалниците на Битола и Лерин – соседна Грција, официјално беше пуштена во употреба реконструираната зоолошка градина во Битола
Оваа инвестиција е поддржана од европските фондови со 1,2 милиони евра, како прекуграничен проект со Општината Лерин од соседна Грција, а кафезите се изградени според највисоки стандради.
Општината Битола, за напролет најавува заокружување на овој проект со хортикултурно уредување и изградба на патеки и друга инфраструктура.