Во кабинетот на Градоначалникот Талески се одржа прием на делегациите од збратимените градови и тоа Епинал Р.Франција предводена од Жак Грасер, и Стари град –Белград Р.Србија предводена од заменик претседател Дејан Стефановиќ.
На средбата се разговараше за досегашната соработка како и идните проекти во областа на културата , образованието и економијата.