Потпретседателот на Владата на Република Македонија, Живко Јанкуловски, и Министерот за информатичко општество, Иво Ивановски, отворија народна кујна во Битола, која е дел од проектот на Владата на Република Македонија за отворање на народни кујни во 22 општини.
На отворањето беше присутен и Градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески.
Храната за народната кујна ќе биде припремана во кујната на детската градинка „Естрја Овадија Мара“, и ќе биде дистрибуирана еднаш дневно по месните заедници „Тодор Ангелевски“, „Блаже Рогозинаро“ и „Коле Лачето“