ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈУБАВ НОВОГОДИШНО УКРАСЕН ПРОСТОР

ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИТЕ ЗА НАЈУБАВ НОВОГОДИШНО УКРАСЕН ПРОСТОР

Градоначалникот на општина Битола, денес ги додели наградите за најубаво новогодишно украсен простор. Беа доделени вкупно 9 награди меѓу кои 3 први, 4 втори и 2 трети награди. Во категоријата најубаво новогодишно украсени куќи и дворови прва награда доби Апостоловски Пеце и Јанковски Кире, втора: Благојче Јанкуловски и Славица Димовска и трета награда Благој Ѓоргиевски. За најубаво украсени станбени згради и балкони беа наградени со прва награда Игор и Лиле Лозановски, втора награда за Моника Милошевска и трета награда за Бошко и Ратка Велјанови. Од категоријата најубаво новогодишно украсени институции и угостителски објекти прва награда беше доделена на ГП Пелистер за објектот Стаклена зграда и втора награда за хотел ресторан Шумски фенери. Градоначалникот Талески им честита на добитниците, посакувајќи идната година да бидат уште повеќе мотивирани за уште поубаво украсување на општината и поединечните објекти. Наградите и оваа година се парични и изнесуваат 3000 денари за трета награда, 5000 денари за втора и 7000 денари за прва награда.