ПРОМОВИРАНИ НОВИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

ПРОМОВИРАНИ НОВИТЕ МОЖНОСТИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Градоначалникот Талески на редова средба со бизнис секторот од градот и пошироко ги презентираше новите можности и поволности  за инвестиции  во индустриските зони во Битола пред се во Индустриската зона „Жабени“. Ова следи после донесената одлука на Владата на РМ за намалување на цената на земјиштето во индустриските зона од 1 евро за метар квадратен.
 Исто така беа промовирани и можностите за инвестирање во Касарната после донесената одлука на Советот на општината околу деталниот урбанистички план со што ќе започне и реализацијата на истиот во најскоро време..