ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА „ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ОД БИТОЛА“

ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА „ЗНАЧАЈНИ ЛИЧНОСТИ ОД БИТОЛА“

По повод чествувањето на празникот Св. Климент Охридски во Народната установа универзитетска библиотека која го носи неговото име,  беше промовирана монографијата „Значајни личности од Битола“ во која свое место најдоа 160 личности од Битола кои дале свој придонес во развојот на нашиот град. Монографијата ја промовираше ректорот на битолскиот универзитет проф. д-р Златко  Жоглев. Свое обраќање имаше и Градоначалникот Владимир Талески.