Министерот без ресор Неждат Мустафа и Градоначалникот Талески во рамките на „Декадата на ромите“ потпишаа меморандум за соработка при решавање на проблемите кои ги има ромското население во Битола.
Со вој меморандум и акциониот план кој го достави општината ќе се работи на реализација на повеќе проекти од областа на инфраструктурата, домување, образование и здравство.