33 – то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ блесна во вистински исклучителен сјај. Фестивалот за отворен го прогласи покровителот, претседателот Ѓорге Иванов.
Свое обраќање на отворањето на 33 тото издание на фестивалот пред преполната сала имаа Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески и директорот на фестивалот Лабина Митевска.
На отворањето беа врачени и специјалните награди за особен придонес во филмската уметност – на легендата на француската и светската кинематографија, актерката Катрин Денев и на реномираниот австриски кинематографер Кристијан Бергер, вториот добитник на наградата „Златна камера 300“.
Оваа година на фестивалот „Браќа Манаки“ ќе бидат прикажани 74 филмови во девет програмски секции, од кои 28 македонски филмови.
Фестивалот се отвори со филмот „Трето полувреме“ во режија на Дарко Митревски за кој интересот кај публиката беше особено голем, поради што после првата следуваше уште една филмска проекција, повторно во преполната сала на Центарот за култура.