На саемот во Лугано, Швајцарија: Битола прогласена за најпрестижна дестинација на Балканот за културно наследство и фестивалски програми

На саемот во Лугано, Швајцарија: Битола прогласена за најпрестижна дестинација на Балканот за културно наследство и фестивалски програми

 

На интернационалниот саем за туризам и култура кој годинава се одржа по десетти пат во Лугано, Швајцарија, општина Битола ја доби наградата: Најпрестижна дестинација на Балканот за културно наследство и фестивалски програми во категоријата дестинации од културата.
Општина Битола е единствениот и награден претставник на Репулика Македонија, кој ја претставуваше нашата држава на саемот во Лугано, Швајцарија на кој беа претставени 250 изложувачи од 3 континенти, а беа доделени  7 награди.
На повик на селекциониот комитет, општина Битола изврши претставување на својата програма, а после извршената анализа, комитетот разгледувајќи ја работата на општината и односот кон културата одлучи да ја повика општина Битола да се претстави на посебен штанд на 10 – тиот интернационален саем во Лугано, Швајцарија, по што оваа престижна награда, вечерва во 22.00 часот на посебна свеченост му беше врачена на  Градоначалникот на општина Битола, м-р Владимир Талески.
Општина Битола ваква награда добива по втор пат. Имено, во 2009 та година, во конкуренција од над 300 градови низ светот учесници на светскиот туристички саем во Лугано, Швајцараија, Битола ја доби наградата за најавангардна дестинација.