НОВИ СПОРТСКИ РЕКВИЗИТИ ЗА ИГРАЛИШТЕТО ВО СЕЛО КУКУРЕЧАНИ

НОВИ СПОРТСКИ РЕКВИЗИТИ ЗА ИГРАЛИШТЕТО ВО СЕЛО КУКУРЕЧАНИ

Општина Битола продолжува со реализација на својата програма во која посебен акцент е ставен на спортските терени и создавањето подобри услови за спортистите. Денес во селото Кукуречани, старите и небезбедни спортски реквизити од фудбалското игралиште беа заменети со нови:
„Имаме обемна програма и го користиме секој убав ден за работа. Во моментот се наоѓаме во Кукуречани. Овде желба беше на мештаните на игралиштето да направиме еден поубав амбиент, покрај инфраструктурните барања кој што ги имаа, а кои во голема мера ги завршивме, како: асфалтирање на 4 улици во должина од над 1 километар со вредност од над 4 500 000 денари, а во соработка со МЦМС и Сокотаб извршивме реконструкција на дограмата на училиштето, денес се чистат и каналите преку водостопанското претпријатие. Се работи за подобрување на овој простор: поставуваме две нови стативи и нови кабини. Во нашата програма досега сме интервенирале во над 20 места. Продолжуваме со таа програма. Помалите стативи од Ќумурното игралиште „Павел Шатев“ ќе бидат преместени во СОУ Таки Даскало. Интервенираме секаде каде што постојат услови. Покрај спортските сали чекор по чекор го подобруваме амбиентот, а на тој начин ги поттикнуваме младите се повеќе да се занимаваат со спорт“, изјави Градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.
Големиот број реализирани проекти во Кукуречани предизвикуваат големо задоволство кај мештаните:
„Голема благодарност до градоначалникот и општината Битола што имаат слух за нашите потреби. Реализирани се големи проекти овие последни години во Кукуречани и околните села кои гравитираат кон поранешната општина Кукуречани. Покрај ова опремување на игралиштето, денес од градоначалникот добив информација дека ќе бидат завршени и полските патишта“, изјави Златко Темелковски, жител на Кукуречани.
„Голема благодарност и се надеваме на понатамошна соработка“, изјави Николче Масалковски, претседател на ФК Светлост кој нагласи дека најголемиот број млади луѓе од Кукуречани се заинтересирани за фудбал, а подобрувањето на условите на фудбалското игралиште се дополнителна мотивација за нив.