НОВ ИЗГЛЕД НА ВЛЕЗОТ ОД РЕСЕН И НОВ КРУЖЕН ТЕК

НОВ ИЗГЛЕД НА ВЛЕЗОТ ОД РЕСЕН И НОВ КРУЖЕН ТЕК

Првата фаза од реконструкцијата на влезот од страната на Охрид е завршена. Оваа фаза чини 44,5 милиони денари. Извршена е дислокацијата на столбовите на ЕВН, изведени се подземните инсталации: атмосверска и фекална канализација во должина од 700 м. Во тек е асфалтирање и на пешачките патеки.
Градоначалникот Талески најави дека градежната експанзија наскоро започнува со реализација на активностите предвидени во пакетот за реконструкција на улици вреден 78 милиони денари, во кој влегуваат 7 -9 реконструкции, а особено се издвојуваат улиците Васко Карангелевски и Иван Милутиновиќ каде што е предвидена изградба на два кружни текови.