ДОНЕСЕНИ ЗАКЛУЧОЦИ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ

ДОНЕСЕНИ ЗАКЛУЧОЦИ НА ПЕЛАГОНИСКИОТ КРИЗЕН ШТАБ

 На денешниот состанок на пелагонискиот кризен штаб на кој што беа присутни претставници на деветте општини, беше одлучено да се изврши санација на најоштетените делови на коритото на реката Црна. Меѓутоа после стабилизирањето на временските услови, да биде извршено целосно чистење на коритото на реката Црна во должина од 42 километри.
Во периодот кој следува се очекуваат повисоки дневни температури, и затоа ќе се изврши подготовка на коритото на реката Црна за новодојдените води кои се очекуваат со топењето на снегот.

 Сите општини од пелагонискиот регион се согласивме дека е потребна интервентна санација на најоштетените делови на коритото на реката Црна. Временските услови дозволуваат делови од коритото веднаш да се санираат и ќе побараме интервенција од републичкиот кризен штаб, тоа во најбрз рок да го санира за да не се случи повторно да се предизвикаат дополнителни штети преку оштетените делови на коритото на реката Црна. Не сите општини од овој регион се во можност сами да интервенираат и затоа бараме брза интервенција на републичкиот кризен штаб, изјави градоначалникот на општина Битола д-р Владимир Талески.

 Исто така беше истакнато и дека општините со заедничка координација, целосно ќе се вклучат во решавањето на овој проблем, и веруваат дека надлежните институции на кои со закон им е доверена заштитата на коритото на реката Црна ќе ги извршат сите потребни интервенции.