Во рамките на прекуграничниот проект „Поврзување и промоција на туризмот и културата на Флорина и Битола“ се реализира тридневен конгрес за промоција на туризмот и културата . На конгресот учествуваа конзуларните преставништва во нашиот град, членови на Советот, претставници на неколку амбасади во РМ, туристичките и културните работници од Битола, невладините организации, бизнис секторот. Организатор на настанот беше Општина Битола во соработка со Туристичкиот информативен центар. На конгресот се промовираше и новиот веб портал на општината во делот на туризмот и културата.