Во организација на Народна техника се одржа XVI Интернационален фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“. Фестивалот свечано го прогласи за отворен Градоначалникот Талески , каде од оваа година две плакети доделува Општина Битола.
Во официјална конкуренција од вкупно 66 филмови, жирито одлучи да бидат прикажани 21 филмови во 2 официјални проекции.
Од избраните филмови во официјална конкуренција, а според Правилникот и пропозициите, жирито ги додели следните награди:
- ГРАН ПРИ наградата “Плакета Милтон Манаки” за најдобар филм на фестивалот му се доделува на филмот “МОЈ ДОКТОРЕ” на авторот Љупчо Петровски од Македонија;
- “ЗЛАТНА КАМЕРА 300” за филмот “НА ГОСТИ КАЈ ЧИЧО ТОНИ” од авторот Валентин Иванов од Бугарија;
- “СРЕБРЕНА КАМЕРА 300” на филмот “13 КОИИ ВО ЕДНА РАКА” на авторот Радован Ѓериќ од Србија;
- “БРОНЗЕНА КАМЕРА 300” на филмот “ИСКРИ НА ЖЕЛЕ3ОТО” од авторот Елена Минкова-филмско студио ,,Трима,, од Бугарија;
Градоначалникот и Советот на Општина Битола доделуваат три награди:
- Плакета за најдобра камера на Ролф Мандолеси од Италија за филмот „ЦРНО НА БЕЛО“
- Плакета за најдобра режија на Тинчек Ивануша од Словенија за филмот ,„УМИТЕЛОТ ЈАНЕЗ ПУХ“
- Плакета за најдобра монтажа на Мице Чаповски од Македонија за филмот „96 СКАЛИЛА“
Организаторите на Фестивалот доделуваат награди за:
- Плакета за идеја на авторот Валентин Алахверџиев од Бугарија за филмот , „НАЈДРЕВНАТА“.
- Плакета за континуирано истражување на Мариово на авторот Љупчо Петровски