Се известуваат семејствата кои имаат запишано дете во прво одд. во учебната 2022/2023 год, дека согласно Одлуката на Советот на Општина Битола еднократната парична помош ќе се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејствата до основното училиште каде е запишано детето, со уредно приложена документација со која ќе се потврди запишувањето на првачето во основно училиште на територијата на Општина Битола ( потврда ја издава училиштето), копија од извод од матичната книга на родените (сродството со првачето), копија од лична карта и трансакциска сметка на име на еден од родителите/ старател (подносител на барањето).
Еднократна парична помош е во износ од 3.000,00 денари нето износ по дете , на семејства кои запишале дете во прво одделение во Општинските основни училишта.
Основното училиште комплетните документи подоцна ги доставува до архивата на Општина Битола.
Барањето ќе може да се подигне од ВЕБ страната на општината www.bitola.gov.mk. или од училиштето.
За повеќе информации Ве молиме контактирајте го соодветното основно училиште.