ИЗГОТВЕН ПРОЕКТОТ ЗА НОВИОТ СТАДИОН ПОД ТУМБЕ КАФЕ

ИЗГОТВЕН ПРОЕКТОТ ЗА НОВИОТ СТАДИОН ПОД ТУМБЕ КАФЕ

Во општина Битола денес се одржа завршната презентација на проектот за новиот стадион под Тумбе кафе за 12 000 гледачи. Проектот е изработен пред крајниот предвиден рок:
„Денеска ја имавме завршната – петта презентација и го предаваме проектот од проектно техничката документација за стадионот од 12 000 гледачи на Општина Битола. Се она што го имавме во досегашните презентации денес се заокружи, благодарение на добрата соработка со градоначалникот и општинската администрација. На овој проект работеа 25 инжинери од сите профили коои што придонесоа со над 500 графички прилози и над 1200 страни текстуален дел на проектот“, изјави Предраг Андонов од проектантската куќа „Мегарон“.
После првиот чекор кој опфаќа изработка на проектот, ќе следуваат следните чекори коои се однесуваат на реализација на проектот во фази:
„Она што го нарачавме на почетокот е максимално во неверојатно краток период завршено, а и најголемиот дел од сугестиите се земени предвид и се вметнати во проектот. Завршен е на максимално професионално ниво, а општина Битола стана првата општина во Република Македонија која што има проект за стадион. Продолжуваме понатаму. Овојпат аплицираме на еден многу значаен проект којшто ќе биде во сооднос со овој проект. Се работи за потполна дренажа и средување на теренот за фудбалски утакмици и целата електрична инсталација. Тоа е проект од над 800 000 евра, но за да го добиеме тој проект има услови кои што треба ние како општина да ги исполниме. Досега секогаш тоа ни одеше од рака, се надевам дека и овојпат тоа ќе го направиме. Третиот чекор ќе ја одреди фазата со која ќе започнеме при реализација на проектот“, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.