Поставување на ГИС порталот на иОпштина Битола

Поставување на ГИС порталот на иОпштина Битола

 

   Општина Битола започна со поставување на ГИС порталот ( Географскиот информативен систем ) на иОпштина  (интернет Општина ) Битола, кој ќе овозможи поефикасна и поточна работа на своите служби, како уредување на различни евиденции на општинската управа, уредување и планирање на инфраструктурни инвестиции, планирање на нови детални и генерални урбанистички планови, побрза комуникација при планирањето со јавните претпријатија, проектантите, изведувачите, сето ова со цел за подобар и поквалитетен стандард на домувањето на граѓаните

1. фаза. – изработка на општински ГИС систем
Примена на ГИС-от во фази, прва фаза поставување на базичните подлоги за Општина Битола, градот и околните населени места, како сателитска снимка од мај 2011г,  просторни планови на градот од АКН,  катастарски граници на 67 села на Општина Битола, ГУП за град Битола од 1999г, најнови усвоени 34 ДУП-ови.

2. фаза. – изработка на комунални ГИС системи
Втората фаза на ГИС-от ќе опфати  соработка на сите јавни претпријатија за изработка на подлоги на комунална инфраструктура, како инсталации за водовод, канализација, топловоди, електро и кабелски инсталации , траси на  патишта, паркиралишта, улично осветлување, сообраќајна сигнализација, зелени површини, поставеност на билборди и рекламни паноа,  туристички точки,  природни и културни наследства, регистар на еко загадувачи, разни статистики, евиденции на општински недвижнини, плански акти, дозволи и согласности.

Пребарувањето и прегледување на просторните дигитални општински податоци и нивна анализа е преку интернет достапен за неограничен број на корисници во секое време, брзо, едноставно, со можност за печатење и премерување на избраната локација.