Во организација на ромските невладини организации, со богата културно уметничка програма на плоштадот „Магнолија” се прослави 8 април меѓународниот ден на ромите.
Градоначлникот Талески ги поздрави присутните и им го честита празникот потсетувајќи на заложбите на општината во реализација на проекти со цел подобрување на условите за живот во населба „Баир”.