ИНВЕНТАРИЗАЦИЈА НА СТАРАТА БИТОЛСКА ЧАРШИЈА

ИНВЕНТАРИЗАЦИЈА НА СТАРАТА БИТОЛСКА ЧАРШИЈА

 

Со повеќе настани денес Општина Битола го одбележува Денот на културата. Главен акцент беше ставен на промоцијата на две книги: Инвентарната книга  ” 101 објект од Старата битолска чаршија“ и публикацијата “ Стара битолска  чаршија “.од  авторите Зоран  Алтипармаков и Надежда Георгиева. Проектот Инвентаризација на страта битолска чаршија како и претходниот проект Сигналитика на културното наследство во Битола  е финансиран од Националната асоцијација на градови на историја и уметност и градови во заштитни зони со поддршка на Министерството за култура и комуникации и Министерството за надворешни работи на Франција.
„Денот на културата традиционално го одбележуваме со различни форми. Оваа година решивме да го направиме тоа со презентација на петгодишен труд – Инвентаризација на 101 објект од Старата битолска чаршија. Со оваа екипа, односно асоцијацијата од Франција која се грижи за старите градски јадра, претходно го направивме проектот сигналитика, тоа се оние табли кои се поставени пред објекти и места кои што значат исклучително културно наследство на Битола. Се она што го имаме како голем потенцијал и големо културно историско наследство нас не обврзува да бидеме внимателни. Со голема поддршка на амбасадата на Република Франција завод и музеј, нашата општина и сите стручни луѓе го реализираме и овој проект со кој обезбедуваме на некој начин, ако може така да се каже биографија на секој од објектите кои што се внесени во книгата. Ова е една шестина од се она што треба да се направи. Теркот го имаме, а стручните екипи работат на терен. Ова е научен пристап кон сето она што е вредност во Битола., изјави Градоначалникот на општина Битола, М-р Владимир Талески.
На денешниот промотивен настан свое обраќање имаше и амбасадорот на Република Франција во Република Македонија:
„Станува збор за значењето на еден проект кој што се надоврзува на сигналитика, во кој што со сета свесност за она што значи битолската чаршија, настапивме со идентификување на 101 објект за почеток, тие објекти се простудирани и се дел од овие публикации што ги имаме денеска со надеж дека правилно ќе бидат валоризирани и дека ќе следи нивна уште поправилна заштита“, изјави амбасадорот на Република Франција Н.Е. Г-ѓа Лоранс Оер.
Досегашната работа е само почеток на активностите кои во идниот период треба да бидат преземени со цел заштита на големото културно историско богатство на Битола:
„Многу е специфична работата во Битола, затоа што е многу тешко да се идентификуваат објекти во една чаршија која што е една од најубавите и со сите свои специфики на Балканот. Разликата помеѓу скопската и битолската чаршија е тоа што во Битола се како двокатни куќите и дуќаните во Старата Битолска чаршија, нешто што е реткост. Исто така, дуќаните се сочувани што не е случај во другите чаршии, а сега ние не само што го идентификуваме, го евалуираме на некој начин, а потоа размислуваме за тоа што како градбени елементи поседуваат и како во иднина истите да ги чуваме, изјави Д-р Марилиз Ортиз – Директор на Националната Асоцијација на градови на историја и уметност и градови во заштитени зони
Општина Битола е единствената општина од Република Македонија која е полноправна членка на Европската асоцијација на историски градови и региони. Ваквите големи инетрнационални награди и признанија се мотив повеќе за се поголема грижа на надлежните:
„Не само кон деловите, објектите кои што се културно – историско наследство, туку и кон содржинските елементи што ги правиме во нашите манифестации, како што го споменавте на пример БИТ ФЕСТ. Сите тие делови се една целина од начинот на живеење на нашите граѓани и нашите гости. Во БИТ ФЕСТ има програми кои што се распоредени во дел од објектите или пред објектите на самото културно богатство. Тоа се простори кои ги експонираме и со нашата жива програма и со нашиот однос кон сето она што цениме дека е културна вредност, изјави Талески.
Денешниот настан беше затворен со  ” Изложба на постери  од проектот ” едукативни работилници  ” 101 дете за 101 објект од Старата чаршија ”.